SWEDCHARGE

Решенија за сите

Имате Ваше паркинг место или гаража? Живеете во објект за колективно домување или го паркирате Вашето електрично возило во заедничка гаража?

Овие услови ќе имаат влијание врз најдоброто решение за полнење на Вашето електрично возило. Но, каков и да е Вашиот избор, со станиците за полнење електрични возила на Charge Amps ќе добиете технолошки напредно, умно, естетско и едноставно решение.

Објекти за индивидуално домување:

Нудиме решенија за објекти за индивидуално домување (семејни куќи, вили, куќи за одмор). Со нас умните станици за полнење електрични возила се реалност. Вашето електрично возило секое утро ќе Ве пречека наполнето. Тоа ќе се полни навечер, кога електричната енергија е најевтина и ќе може да учествува во напојувањето на домашната мрежа, доколку тоа е потребно.

При избор на решение за полнење на електрични автомобили во Вашиот дом треба да ги имате предвид следниве работи. Првин, колку решението е технолошки напредно, едноставно за користење и безбедно. Следно се вкупните трошоци за инсталација и поставување.

Поставувањето на нашите станици за полнење електрични возила е едноставно, а дизајнот е самоодржлив, со надворешност од рециклиран алуминиум. Нашиот мрежен сервис Ви овозможува сигурно балансирање на електричната мрежа и умно далечинско управување за оптимално и ефикасно полнење на Вашето електрично возило.

Зошто треба да го полните Вашето електрично возило во Вашиот дом?

  • Имате контрола врз трошоците за полнење,
  • Полнењето е безбедно со користење на мрежа приспособена за Вашето електрично возило.

Веруваме дека еден од најважните предизвици е ефикасноста и безбедноста при полнењето на Вашето електрично возило. Постојат луѓе кои не сакаат да се занимаваат со станици и кабли за полнење и кои одлучуваат да ги полнат своите електрични возила на јавни станици за полнење. Но, често е помудро електричните возила да се полнат дома.

Една од главните причини за набавка на станица за полнење електрични возила е што Вашето возило секогаш е полно и не мора да се дополнува во текот на денот. Со нашите станици за полнење на електрични возила Вие ќе се разбудите со батерија која е 100% полна, подготвена да Ве превезе каде и да посакате.

Објекти за колективно домување:

Објект за колективно домување (станбена зграда, станбен блок, повеќекатница и солитер) кој може да понуди полнење на електрични возила е атрактивен за потенцијалните купувачи и ја зголемува вредноста на објектот.

Развојот на електричните возила напредува, како што напредува и понудата на електрични возила. Мнозинството на производители на возила нудат електрични возила, а дури третина од луѓето кои планираат да го заменат своето возило размислуваат таа замена да биде електрично возило. Исто како што производителите на возила денес мора да размислуваат за понуда на електрични возила, така и објектите за колективно домување, покрај стабилна и брза интернет врска, мора да понудат умни и естетски решенија за полнење на електрични возила.

Што треба да се знае при избор на станица за полнење на објект за колективно домување?

Сé поголем е бројот на луѓето кои бараат умно и безбедно полнење на нивните електрични возила. Сопствениците на електрични возила кои живеат во објекти за колективно домување и кои планираат да купат нов стан веќе знаат што им е потребно. Бројот на електрични возила стабилно ќе се зголемува секоја година. Можноста за полнење на електрични возила директно ќе влијае врз конкурентноста на објектите за колективно домување. Секој инвеститор треба да одлучи дали во својот објект ќе инсталира станици за полнење на електрични возила. Ние нудиме комбинирани технички решенија, умен софтвер и едноставна електрична инсталација која овозможува ненадминлива економичност за целиот објект за колективно домување, како и оптимални услови за полнење за индивидуалниот сопственик на електрично возило.

Решенија за деловни корисници:

SwedCharge Ви нуди решенија и за Вашите деловни потреби.

Кога ќе се појави потреба да инвестирате во инфраструктура за полнење на електрични возила, SwedCharge Ви нуди напредни технолошки решенија, кои се едноставни за користење и кои ќе ги задоволат сите Ваши потреби, без разлика дали се работи за јавна употреба или за полнење на Вашиот „електричен“ возен парк.

По домашната станица за полнење на електрични возила, Вашиот електричен автомобил ќе помине многу време за полнење и на Вашата деловна станица за полнење на електрични возила. Една станица за полнење на електрични возила ќе се користи од страна на различни потрошувачи кои сакаат ефикасно и беспрекорно полнење. Ние нудиме решенија кои едноставно се употребуваат и овозможуваат оптимално полнење на електричните возила на Вашите вработени или на Вашиот возен парк.