Charge Amps AURA
Charge Amps AURA е станица за полнење на електрични возила која овозможува истовремено полнење на две електрични возила со приклучоци до 22 kW.
Charge Amps AURA е изработена од рециклиран алуминиум. Оваа станица за полнење е производ на индустриски дизајн од Шведска. Charge Amps AURA не само што го полни Вашето електрично возило, туку претставува стилски додаток на Вашиот имот и придонесува кон одржлива иднина.
- Конектиран е на cloud сервер
- Полнење 2 х 22kW, можно е подесување и на пониско ниво
- Балансирање на напонот помеѓу приклучоците
- Едноставно поставување
- Подготвен според ISO 15118
- Метално тело изработено од рециклиран алуминиум
- Поврзување преку Wi Fi
Charge Amps AURA е подготвена според ISO 15118, што овозможува бројни поволности. Кога електричните возила ќе имаат можност да ја користат возило-до-мрежа (vehicle-to-grid) технологијата, електричните возила нема да бидат само средство за превоз, туку и системи за складирање на електричната енергија. Charge Amps AURA ја овозможува оваа технологија и поддржува комуникација со електричното возило.
Charge Amps AURA
-
+ инсталација
Charge Amps Aura 2 x 22 kW | |
Струја за напојување: | 6-32 А, 1 или 3 фази по приклучок |
Напон на напојување: | 230/400 V |
Работна температура: | -30°C до +45°C |
Стандард на полнење: | Mode 3 |
Карактеристики на осигурувач: | Станицата за полнење има интегрирана DC заштита и автоматски осигурувач тип А RCD. Заедно имаат иста функционалност како автоматски осигурувач тип B RCD. |
Начин на мерење: | 3 фазен напон, струја и моќ (еквивалентно на директивата 2014/32/EU) |
Ниво на заштита: | IP 55 |
Ниво на отпорност: | IK 10 |
Приклучоци: | 2 х 22 kW Тип 2 |
Димензии (ШхДхВ): | 367 x 159 x 405 mm |
Тежина: | 10 kg |