SWEDCHARGE

Права за користење

За да ги исполниме Вашите потреби и барања, SwedCharge.com ќе дозволи достапност на оваа интернет страница 24 часа дневно, секој ден.

Во случај на привремена недостапност, односно прекин на интернет сообраќајот со оваа интернет страница, поради технички или објективни пречки надвор од контролата на SwedCharge.com, SwedCharge.com не презема одговорност и не гарантира пристап на интернет страницата за време на наведените пречки.

Сите податоци и информации објавени на оваа интернет страница на SwedCharge.com се од информативен карактер и за истите SwedCharge.com го задржува правото на промена и менување кога тоа условите и потребите ќе го наложат, или поради ажурирање на објавените информации.

Поради специфичноста на медиумот, SwedCharge.com не презема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.

Преземањето на материјали (информации, податоци, слики, документи), нивна дистрибуција или поврзување со оваа интернет страница на SwedCharge.com е дозволено, со наведување на изворот. Наведеното е можно само за некомерцијални цели и лична употреба. SwedCharge.com не презема одговорност за злоупотреба на преземените материјали.