SWEDCHARGE

Корисни линкови:

Често поставувани прашања:

Дали можам да го полнам моето електрично возило од обичен ѕиден приклучок?

Електричното возило може да се полни и на ѕиден електричен приклучок (штекер/шуко). Со купување на електрично возило, со него најчесто ќе добиете и полнач кој може да се приклучи на ѕиден електричен приклучок. Овој полнач треба да се смета како „резервно тркало“ и да се користи само во случај на нужда. При полнење на електрично возило со таков полнач електричната инсталација е оптоварена преку максималните дозволени вредности за период од 10 до 12 часови. Ѕидните електрични приклучоци не се димензионирани за такви долгорочни оптоварувања и не можат да се справат со загревањето кое се јавува при високо напрегнување на ѕиден електричен приклучок за долго време. Загревањето претставува ризик за појава и развој на пожар и придонесува кон побрза амортизација на компонентите во електричната инсталација. Агенциите за безбедност на електричните инсталации строго советуваат против ваков начин на полнење на електрични возила.

Дополнително, осигурителните компании вообичаено не покриваат штети настанати како резултат на ваков начин на полнење. Ѕидниот електричен приклучок се користел несоодветно и спротивно на препораките за безбедност.

Како да го наполнам мојот електричен автомобил?

Во 95% од случаите полнењето на автомобилот се врши дома или на работа. Во повеќето случаи, би одбрале да го наполните својот електричен автомобиле дома, во гаража во текот на ноќта или на паркингот на работното место.

Колкаво растојание можам да поминам со едно полнење на возилото?

Изминатото растојание е различно и зависи од моделот на возилото, надворешната температура и брзината со која се движите. Електричните возила се собено економични за движење низ град. Со едно полнење на современите електрични возила може да поминете и до 400 километри. Издржливоста и капацитетот на батериите постојано се зголемуваат. Патувањата почесто се одвиваат на кратки релации дом – работа и ретко ќе имате потреба да го полните возилото за долго патување.

Колку време е потребно за да се наполни возилото дома?

Најчесто ќе го полните Вашето електрично возило дома, додека не го користите. Со користење на полнач ќе Ви бидат потребни три до осум часови за целосно полнење на електричното возило. Времето за полнење е променливо во зависност од капацитетот на полначот и од капацитетот на батеријата на електричниот автомобил.

Колку чини полнењето дома?

Тоа ќе зависи од цената на електричната енергија, капацитетот на батеријата на Вашиот електричен автомобил и начинот на кој го користите возилото. Во просек, цената изнесува околу 0.74 денари по изминат километар, односно 7,400.00 денари за 10,000 изминати километри (01.12.2021 година).

Имам хибриден автомобил. Кој полнач е најсоодветен за мојот автомобил?

За полнење на Вашиот електричен автомобил најсоодветен е обичен едно фазен полнач.

Која е разликата помеѓу брзото и нормалното полнење?

Еднофазен нормален полнач полни најмногу 7.4 kW, односно околу 40 км за еден час. Три фазен брз полнач полни најмногу 22 kW или околу 110 км за еден час.