SWEDCHARGE

Политика за приватност

Со оваа Политика за приватност се уредува начинот на кој SwedCharge.com ги прибира, користи, чува и открива податоците прибрани од посетителите на интернет страницата на SwedCharge.com.

SwedCharge.com посветува исклучително внимание на заштитата од неовластен пристап и користење на Вашите лични податоци, со примена на законската регулатива и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е SwedCharge.com.

Податоци, собирање и употреба

SwedCharge.com ќе стори се што е во неговата моќ да не прибира и обработува лични податоци на посетителите на интернет страницата SwedCharge.com. Обработката на Ваши податоци се врши само на оние податоци кои Вие сте ги доставиле и само во насока на Ваше информирање или на подобрување на функционалноста на интернет страницата.

Оваа политика за приватност се однесува единствено на интернет страницата на SwedCharge.com со сите под страници. Интернет страницата на SwedCharge.com овозможува поврзување и со други интернет страници. SwedCharge.com љубезно Ве информира дека не презема одговорност за заштита на приватноста за време на користење на тие интернет страници.

Податоци што ги прибираме

  • Број на посети на нашата интернет страница,
  • Информации (име и електронска пошта) на посетители кои не контактираат преку формата за контакт.

 

Пораки и коментари доставени преку електронска пошта и форма за контакт
При доставување на порака или коментар преку електронска пошта или преку формата за контакт, а поради природата на електронската комуникација, ќе се приберат податоците кои Вие ќе решите да ги доставите во наведената комуникација, односно Вашето име и електронска пошта. Прибраните податоци ќе се користат само во насока на соодветен одговор на Вашата порака или коментар. На Вашите пораки или коментари доставени по електронски пат ќе се одговори до доставената електронска адреса. Наведената електронската адреса нема да се користи за друга цели.

Откривање на податоците
SwedCharge.com го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случај кога тоа се бара со судска одлука или за водење на судска постапка.

Заштита од злоупотреби
SwedCharge.com презема технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка, како и од нивна злоупотреба.

Време на чување на собраните податоци
Податоците прибрани од страна на SwedCharge.com се чуваат во согласност со закон и во периодот потребен за комплетирање на комуникацијата.

Заштита на личните податоци
Податоците кои ги прибираме се грижливо чувани и трети лица немаат пристап до нив.

На оваа интернет страница се применува политика за приватност врз основ на Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20).

Права во однос на обработката на личните податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
  • право на пристап до личните податоци;
  • право на исправка и бришење на личните податоци;
  • право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • право на приговор.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на следнава електронска пошта:

infomk@mk.swedcharge.com

Ослободување од одговорност
Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени на оваа интернет страница на SwedCharge.com.

Промени во Политиката за приватност
Политиката за приватност ќе се обновува соодветно со евентуалните законските измени. Истите навремено ќе се објавуваат на оваа интернет страница.